Најтргувани акциите на Алкалоид АД Скопје


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Зголемен обем на тргување на Македонската берза за хартии од вредност имаше во вторник, првиот работен ден по празниците. Вкупниот промет изнесуваше 13,7 милиони денари и се реализираше во 59 трансакции.

Најтргувани беа акциите на Алкалоид АД Скопје со промет од 5,4 милиони денари со истргувани 952 лотови по цена од 5.753,42 денари. По неа следеа акциите на Комерцијална банка АД Скопје (3,3 милиони денари), Гранит АД Скопје (3,01 милиони денари) и МЗТ Енергетика (1,3 милиони денари).

Според растот на цената на прво место беше акцијата на Уни Банка со раст од 5,26 насто. Следеа акциите на Македонски телеком (плус 2,94 насто), Гранит (плус 1,49 насто) и приоритетната акција на Стопанска банка АД Скопје (плус 0,62 насто). На спротивната страна се најдоа акциите на Комерцијална банка (минус 0,93 насто), Алкалоид (минус 0,63 насто)и Макпетрол (минус 0,12 насто).

Индексот МБИ10 порасна за 0,05 насто заврши со вредност до 2.248,66 индексни поени, додека индексот ОМБ остана без промена и моментално изнесува 128,54 индкесни поени.