Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Истражувањето кое технолошкиот гигант и најпопуларна социјална платформа на интернет, Фејсбук, го спроведува изминативе неколку недели треба да му ги испорача резултатите кои ќе одговорат дали социјалната мрежа треба да ја воведе опцијата за претплата во која би немало реклами доколку тоа би привлекло повеќе луѓе да ја користат мрежата, пренесува Bloomberg.com.
Компанијата оваа можност ја разгледувала и претходно, но сѐ се интензивирало по неодамнешниот скандал со кражбата на податоците од социјалната мрежа. Изворите кои инсистирале да останат анонимни сепак наведубаат дека идејата најверојатно нема да се реализира, бидејќи сѐ уште не станува збор за конкретни планови.
Фејсбук засега одбива да ја коментира можноста за претплата за социјалната мрежа во која на корисниците кои ќе платат одреден месечен износ нема да им се прикажуваат реклами.
Нагаѓањата за таков модел ги разгоре директорот на Фејсбук Марк Закерберг кој, на сослушувањето во американскиот Конгрес минатиот месец кажа дека „секогаш ќе постои бесплатна верзија на Фејсбук, што значи дека постои веројатност и за верзија која ќе се плаќа.
Блумберг пишува дека Закерберг сериозно размислувал за таа опција, која не би го заменила постоечкиот бизнис модел, туку би била насочена кон отстранувањето на честата причина поради која корисниците ја напуштаат мрежата. Компанијата минатата година го заработи речиси целиот свој промет во износ од 41 милијарди долари продавајќи реклами таргетирани според параметрите на корисниците.
Доколку се остварат нагаѓањата за воведување претплата, Фејсбук и понатаму би бил бесплатен за користење на начинот на кој се користи сега, а претплатата би функционирала како опција за оние кои не сакаат на социјалната мрежа да им се прикажуваат реклами.
Фејсбук во март го разниша скандал со кражба на лични податоци. Беше откриено дека британската компанија за политичко советување Кембриџ аналитика собирала информации на повеќе десетици милиони профили без нивна согласност.