Најтешките жени се родени во овие хороскопски знаци :Тежок карактер и себични по што се лоши за ВРСКАТА!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Доколку вашата нова љубов е проблематична, проверете дали е родена во овие три знаци.

Дали поради нашиот карактер и ментален склоп сме добар партнер во врската? Ако имаме проблеми во врската, можеби постојано се гледаше со погрешни личности? Или сепак проблемот е во нас?

Жените во овие три хороскопски знаци многу тешко остваруваат љубовна врска. Тие просто имаат таков карактер поради кој тешко опстојуваат во заедница. Ако сакате љубов за цел живот, тоа со нив ќе биде најтешко, речиси невозможно.

Овен

Жените во овој знак мораат да го контролираат и надгледуваат секој аспект од врската. Не се работи за тоа дека вас не ве почитуваат како личност. Такви се природно. Мораат се да испланираат однапред, и сакаат секој детал во врската да биде на свое место. Поради својата самодоверба, интересни се на почетокот, но таа самодоверба со време се претвора во надмоќна природа со која тешко ќе се носите. Тие нема добро да реагираат доколку ги загрозувате, на некој чија личност е интензивна и моќна како нивната. Најважно е да имате на ум дека тие не сакаат врската да им биде борба за надмоќ.

Девица

Постои една работа која луѓето не ги привлекува кај Девиците – тоа е нивната опсесивно критичка и осудувачка природа. Поради својата перфекционистичка филозофија, Девиците имаат неразумно високи стандарди. Тие од вас ќе очекуваат да бидете повеќе од она што сте, и нема да им биде жал што лошо се чувствувате бидејќи сте ги изневериле нивните очекувања. Таа смета дека има право да поставува високи стандарди и ако навистина сакате да бидете со неа, морате да дадете се од себе да ги исполните.

Скорпија

Од сите хороскопски знаци, жените во знакот на Скорпија се едни од најинтересните и најуникатните. Тие поседуваат многу квалитети. Паметни се, перцептивни, организирани и одговорни. Она што им недостасува е посветеноста. Тие прават работи на одреден начин и мразат кога мораат да се прилагодуваат на туѓите желби. Потребно е многу труд и посветеност за да остане во врска со вас. Поголемиот дел од мажите остануваат разочарани по врската со Скорпија.