„Најтешкиот меч во кариерата“: Лука Дончиќ играше со патики со посвета за Коби и загинатите во несреќата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар со НБА играчка адреса, Лука Дончиќ, го предводеше својот тим Далас Маверикс до гостинска победа кај Оклахома. На овој натпревар Дончиќ носеше патики посветени на жртвите од хеликоптерската несреќа во која загина Коби Брајант.

Со 29 поени и 11 скокови Дончиќ го предводеше Далас до победа од 107:97 на гостувањето кај Оклахома. Словенецот носеше патики со кои им оддаде почит на жртвите од хеликоптерската несреќа во која загина Коби Брајант.

„Досега најтешкиот меч кој некогаш сум требал да го одиграм!! Се уште не можам да верувам! Секогаш ќе бидеш со нас!“, напиша Лука Дончиќ на својот твитер профил.