„Најтешкиот испит“: Истрча 50 километри на минус 67 Целзиусови степени (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дмитриј Волошин е молдавски спортист „зависен“ од екстремни спортски активности. Тој на 14 јануари оваа година, во сибирската област Јакутија, направи натчовечки подвиг истрчувајќи 50 километри на екстремно студни услови на опасно ниска температура од минус 67,8 Целзиусови степени – дистанца која никој пред него ја нема истрчано во такви екстремин услови.

Прашан за чувството при трчањето, Волошин изјави: „Ова беше најтешкиот испит во спортската кариера за мене. Да се трча во такви услови е како прошетка во отворена вселена – без доволно воздух, страшен студ против кој не ви помага никаква опрема“.

Преку неговите екстремни спортски потфати, Дмитриј се обидува да сврти што повеќе и поголемо внимание врз проблемите од децата кои страдаат од детска церебрална парализа и на тој начин собира материјални средства за нивна помош.