Најстудените населени места во светот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ако се уште не сте навикнале на ладното време, ќе ви прикажеме колку може да биде поладно во други места на светот. Луѓето од тие места посакуваат да ја доживеат оваа температура со која ние моментално се соочуваме. Погледнете ги најладните места за живот.

Ојмјакон

Ова е најладното населено место, кое се наоѓа во североисточна Русија. Просечната температура во јануари изнесува -50°С. Околу 500 жители се соочуваат со проблеми кои што ние не можеме ни да ги замислиме: им замрзнува маслото во автомобилите, а мобилните телефони не им работат. Автомобилите не ги гасат, бидејќи се плашат наутро дека нема да ги запалат. Училиштата се затвораат само ако температурата падне под -52°С.

26-11-najstudeni-mesta1
Верхојанск

Според податоците од 2002 година, во овој град во Русија, живеат 1434 луѓе. Просечната температура во јануари изнесува -45°С, а најладната температура е измерена во 1892 година, кога изнесувала -67.7°С!

Интернешнал фолс, Минесота

Ова е едно од најладните места во САД. Се наоѓа на границата со Канада, а е дом на над 6.000 жители. Просечната температура во првиот месец од годината изнесува -19°С.

Фрејзер, Колорадо

Селото кое лежи на 3.000м надморска височина, се наоѓа во близина на познат ски центар, а во него живеат 910 луѓе. Просечната годишна температура изнесува 0°С, а во јуни паѓа под нулата.

26-11-najstudeni-mesta2
Јакутск

Во септември во овој руски град почнува полека сè да замрзнува, а таква е ситуацијата сè до март. Во јануари просечната температура е измерена -36°С, но околу 200.000 жители скоро и се навикнале на овие температури.

Хел, Норвешка

Ова место стана познато благодарение на своето име. Во „Пеколот“ доаѓаат многу туристи само за да се фотографираат на натписот на кој пишува „Hell“, но повеќето се осмелуваат да го посетат кога времето е потопло.

26-11-najstudeni-mesta3
Улан Батор

Ова е најладниот главен град во светот, кој се наоѓа во Монголија. Искачен е на околу 1300м надморска висина, а температурите во јануари во просек изнесуваат -16°С.