Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Смртта е неминовна за секое човечко и живо суштество, па сепак, секој од нас се плаши од неа. Кога станува за смрт, она што најмногу ги плаши луѓето е долгото, бавно и болно умирање, па затоа најголем број од луѓето, кога би можеле да бираат, би починале во сон.
Сепак, историјата човечкиот род бил иноватори и практикувач на стравични смртни казни и егзекуции, а научниците се сложуваат дека следните пет егзекуции се најстрашните можни начини на умирање.
1. Електричен стол
Се прашувате како изгледа смртта на електричен сто? За почеток, на осуденикот му ја бричат главата и дел од нозете, обично околу глуждовите, со што се намалува отпорот на телото на електрицитетот. Потоа се врзува за електричниот стол, обично преку градите и нозете, а на главата му се става метален поклопец со електроди, под кој се става влажен сунѓер.
Од што точно умираат оние осудени на смрт со електричен стол не е сосема познато. Истражувањата кои се направени упатуваат на тоа дека смртта во таков случај е комбинација од гушење и срцев удар, додека нервниот систем е погоден од парализа. Телото се грчи, некогаш многу интензивно, а осуденикот обично ги испразнува цревата. Од телото се издига пареа и чад, веројатно како последица на зовриената крв. Телото се загрева до таа мера што месото отпаѓа веднаш штом некој го допре. Под електродите обично се јавуваат изгореници од трет и четврт степен.
Некои сведоци на ваква егзекуција велат дека некогаш доаѓа и до испаѓање на очите. Тече и крв бидејќи ткивото нагло се шири како последица од загревањето. Ужасно како телото да се пече на ражен.
2. Распнување на крст
Станува збор за древен метод на мачење кој го практикувале Старите Римјани, како еден од најболните начини на умирање, а воедно и како голема казна за човекот.
Во тоа време, распнувањето на крст било иновација во процесот на мачење, бидејќи умирањето можело да се продолжи поради специфичниот начин на мачење и положба на телото. Неретко осудениците добивале и опојни напивки кои овозможувале тие самите крстот да си го донесат до местото на распнување и да не умрат при самиот чин на распнување.
Жртвите биле врзувани или заковувани со клинови на крстот и така биле оставани да висат додека не умрат. Поради полжбата на телото доаѓало до исчашување на рамената и неретко осудениците умирале од гушење. Сепак, повеќето од нив кои биле осудени на ваква егзекуција, страдале и се мачеле со денови, гладни, жедни, во крв и болки, додека околу нив летале инсекти и лешинари кои ги чекале да умрат.
3. Глад
Ваковиот начин на смрт носи огромна агонија, а во просек се потребни помеѓу 8 и 12 седмици за некој да умре од глад. Откако телото ќе ги потроши залихите на масти, почнува да ги троши мускулите и внатрешните органи. Мускулната атрофија резултира со неиздржлива болка, а процесот на умирање веројатно е најдолготрајното можно умирање.
4. Оган
Ако треба да бирате помеѓу смрзнување до смрт и горење до смрт, верувајте првото е далеку побезболно. Да изгориш жив е еден од најлошите можни начини на умирање. Жешкиот чад и огнот првин ги горат дишните органи и го отежнуваат дишењето, а потоа доаѓа неподносливата болка при горење на кожата. Осудените на смрт на клада или оние кои несреќно загинале во пожар не умираат од изгореници, туку од гушење и труење со јаглерод моноксид кој предизвикува стравична главоболка и несвестица.
5. Скарфизам
Веројатно најбруталниот метод на мачење и егзекуција на сите времиња. Справата за мачење изгледа како чамец во кој лицето кое е осудено на смрт лежи голо, претходно присилено да испие голема количина на млеко и да изеде поголема количина мед. Потоа истото е премачкано со мед по целото тело. Тоа се прави бидејќи на овој начин жртвата ќе добие пролив, а тоа ќе привлече безброј муви и други инсекти врз него. Маченикот не може да се мрда бидејќи рацете, нозете и главата му се прицврстени за чамецот. Со посебно внимание со мед им биле премачкувани очите, ушите, гениталиите и анусот, за на тие места да се соберат најмногу инсекти и муви. Инсектите и мувите ќе почнат да се хранат со живо месо додека жртвата не добие гангрена и не умре после неколку дена.