Најстрашните хорор филмови инспирирани од вистински животни приказни


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Веројатно безброј пати досега сте ја чуле фразата „животот пишува романи“, но режисерите на некои од најстрашните хорор филмови во историјата буквално од такви „животни романи“ се инспирирале за да ги снимат едни од највознемирувачките филмски приказни.

Од ноќни кошмари кои убиваат и стравични звуци на смртта во џунглата, до убијци со ангелски ликови – овие се хорор филмовите кои се базираат на вистинити приказни од реалноста.

„A Nightmare On Elm Street“

Режисерот Вес Крејвен бил толку опседнат со приказната за бегалците чиј син страдал од ноќни кошмари кои биле толку сериозни и интензивни што, на крајот, можеби и го убиле, па решил инспириран од оваа животна драма да го сними еден од најкултните хорор филмови на сите времиња со фамозниот кошмарен лик Фреди Кругер.

Приказната за семејството кое го преживеало полето на смртта во Камбоџа и успеало да побегне во САД и да се насели во Лос Анџелес ја прочитал во L.A.Times. Во едно интервју режисерот открива дека токму таа вистинита приказна го инспирирала да го сними хоророт за „ноќниот кошмар кој убива“.

„Момчето им рекло на своите родители дека му е страв да спие, бидејќи го прогонува суштество кое ќе го убие, па со денови се обидувало да остане будно. Кога конечно заспало, неговите родители воздивнале од олеснување, мислејќи дека сè ќе биде во ред и дека кризата е надмината. Но, среде ноќ чуле врисоци. Кога стигнале до неговиот кревет, тоа веќе било мртво. Починало среде ноќниот кошмар кој го сонувало. Момчето кое имало стравични визии кои никој од возрасните не можел да ги признае стана централна тема во A Nightmare On Elm Street“, откри Крејвен.

„Jungle“

Филмот „Jungle“ во кој глуми славниот Даниел Редклиф, е базиран на животната приказна од бившиот израелски војник Јоси Гинзберг. Во неа, неколкумина пријатели на почетокот од осумдесеттите години од минатиот век, тргнале да ја истражуваат џунглата во Боливија.

Но, нивната авантура не одела според очекувањата и се претворила во пекол. Јоси успеал да се оддели од пријателите и сам да заскита во џунглата и тогаш почнуваат неговите кошмари.

„Ми рече дека најлошо му било ноќе, тоа било неверојатен страв. Тогаш излегувале сите предатори, а џунглата била полна со гребења и врисоци, звуци од животните кои се убивале едни со други“, раскажува режисерот Грег МекЛин.

„Mothman Prophecies“

Легендата за Мотмен, чудовишниот човек-молец, започнала на едни гробишта во Западна Вирџинија. Неколкумина сведоци таму забележале лик на стравичен човек со крилја.

Нешто подоцна, два љубовни пара пријавиле дека суштество со „хуманоиден облик, црвени очи кои му се наоѓаат на грбот и големи крилја“ почнало да ги следи нивните автомобили.

Во текот на годините, на тоа подрачје, сè почесто биле пријавувани сведоштва за појава на чудовиште, а сета таа ситуација кулминирала кога во 1967 година се срушил мостот над реката Охајо. Во несреќата за која го обвиниле токму човекот-молец, загинале 46 лица.

После тоа, наводно, Мотмен никогаш повеќе не се појавил.

„El Angel“

Приказната за младиот Аргентинец Карлос Робледо Пуч, крволочен убиец со ангелски црти на ликот, била инспирација за филмот „El Angel“.

Пуч било осуден за 11 убиства и дури 25 други криминални дела, а моментално ја отслужува својата доживотна казна затвор.

Уште во средно училиште почнал со грабежи, а зад себе никогаш и никаде не оставал живи сведоци. Дури и неговите соучесници во криминалот исчезнувале под нејасни и чудни околности.

Му била дијагностицирана психопатија проследена со испади на бес. Наводно и во затвор пројавувал чудно и агресивно однесување. Уште го сметаат за премногу опасен за да може да се врати во нормалниот живот. Поради тоа, уште нема добиено можност за привремено пуштање на слобода.