Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најстариот преживеан модел на луксузниот автомобилски бренд Porsche, Porsche Type 64, од 1939 година, кој бил лична сопственост на основачот на компанијата, Фердинанд Порше, е вистинска уникатна скапоценост во светот на автомобилизмот кој сега ќе биде даден на аукциска продажба.
Историски најважниот од сите автомобили кои Porsche некогаш ги произвел ќе се продава на аукција организирана од аукциската куќа Sotheby’s на 15 август.
Фердинанд Порше сакал да направи полесна, побрза верзија на КдФ-ваген, оригиналната верзија на фолксваген буба. Причината за постоењето на тип 64 е трката Берлин-Рим која требало да се одржи во 1939 година, но не се одржала.
Volkswagen нарачал три специјални верзии за долги трки од КдФ-вагенот од истиот дизајнерски тим кој подоцна ќе го создаде порше 356.
Тип 64 можеби ги има истите мотор и амортизација од оргиналниот тип 1 на Volkswagen, но е многу поинаков во сите други области – шасијата и каросеријата изработени од легури користат технологија од авионите од Втората светска војна, а воздушно ладениот мотор произведува 32 коњски сили. Кога првите три автомобили биле завршени, војната официјално почнала и тие станале државна сопственост.
Младиот Фери Порше, меѓутоа, не се откажал, и успеал да добие два од автомобилите, кои ги користел како тест-возила за Porsche, претворајќи го тип 64 во аволуциска алка меѓу бубата и 356.
Третиот тип 64 бил направен од шасијата на првиот автомобил откако тој бил оштетен во сообраќајна несреќа во јуни 1940. Бил користен како семеен автомобил и го возеле само Фердинанд и Фери Порше. Кога компанијата се преселила во Гмунд, Австрија од 1944 до 1948 година, постоеле два од автомобилите, но само „број 3“ ја преживеал војната.
Фери Порше лично ги ставил буквите „PORSCHE“ на предниот дел кога го регистрирал автомобилот во Австрија. Во 1947 година автомобилот бил реставриран од младиот Пинин Фарина и речиси една година подоцна, обновениот тип 64 се појавил на автомобилски саем заедно со тогаш новиот модел порше 356.
„Без тип 64 не би постоел порше 356, ни 550, ни 911“, вели Маркус Гериг, автомобилски експерт на Сотби. „Ова е приказната за почетоците на Porsche, автомобилот кој ја роди легендата на компанијата, и која им нуди на колекционерите неповторлива можност да седнат во автомобилот на Фердинанд и Фери Порше. Со овој автомобил новиот сопственик не само што ќе биде поканет во првиот ред на секој настан на Porsche во целиот свет – тој ќе биде првиот ред!“.
Ова е, всушност, најпосакуваниот модел меѓу колекционерите на Порше. и затоа ќе се продаде за еден куп пари.