Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Трката по градбата на најспектакуларни облакодери достигна „нови височини“. Откриено е ново чудо на архитектурата кое ќе ја трансформира панорамата на Нујорк.
Опишан е како „најдолгата зграда на светот“, а една од најзначајните карактеристики е што ќе има лифтови кои ќе можат да се движат во кривини, хоризонтално или полукружно така што ќе ја поврзуваат цела зграда.
Облакодерот ќе се вика „Big Bend“, а архитектите се обидоа да смислат иновативен концепт со цел да се вклопи меѓу зградите на милјардерите на 57-та авенија, која директно гледа кон Централ парк.
Поради урбанистчките закано на Њујорк со кои се пропишува максимална висина на зградите, архитектите се потрудија со должината на облакодерот да ги натераат челниците на градот да го прифатат проектот.
За да ги заобоколат прописите градежниците се служат со разни триови, па поради тоа решиле да ја свиткаат зградата во форма на превртена буква „U“ и така ќе се добие највисоката зграда во Њујорк и најпрестижен објект секако.
Облакодерот ќе биде висок 1.220 метри и ќе биде целиот обложен со стакло!