„Најсмртоносниот снајперист на светот“ демантираше дека е загинат во Украина и порача дека е жив


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Оливие Лавињ-Ортиз, познат како Вали, според многумина „најсмртоносниот снајперист во светот“, кој им се придружи на украинските сили на отпорот, ги демантираше информациите за неговата наводна смрт во Украина.

Лавињ-Ортиз објави порака на социјалните мрежи на која се гледа тој како лежи со пушка во базен со шарени топки.

– Жив сум. Гласините дека сум умрел во борба се сосема смешни. Освоивме територија од непријателот, а нанесовме и жртви. За жал, и ние изгубивме соборци, мртви и ранети – изјави Канаѓанецот за вестите за неговата наводна смрт во Мариопол неколку дена откако тој пристигна во Украина, чија изјава ја пренесува и канадскиот медиум LA PRESSE, онлајн издание на француски јазик од Монтреал.