Најсмотаниот разбојник: И полицајците му се смееја на арамијата со стил на Дедо Мраз


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Џеси Берубе се обиде да провали и да го ограби еден деловен објект во Калифорнија. Но, целиот арамиски потфат не излезе баш како што му беше замислен.

Полицијата изјави дека смотаниот и несреќен разбојник во обид заглавил во оџакот, но дека некако успеал да го дофати телефонот и да повика брза помош. „Добивме повик од маж кој ни рече дека е заглавен во оџакот“, стои во соопштението од полицијата на Citrus Heights, град недалеку од Сакраменто.

Берубе се спуштил низ оџакот за да провали во деловниот објект, но заглавил во тој потфат. „За среќа, можел да се мрда толку колку да заѕвони и да повика помош“, известуваат од полицијата. Тие заедно со пожарникарите стигнале на местото на настанот, и после подолга интервенција и користење на посебна опрема, пожарникарите успеале да го извлечат.

Берубе бил извлече без повреди и уапсен поради обид за провала.

***