Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Цените на фудбалскиот пазар од година во година вртоглаво растат, а тоа најдобро се гледа кога ќе погледнете во минатото и ќе видиме колку чинеле тогаш големите фудбалски ѕвезди.
После 2000 година и мега трансферите на Луис Фиго и Зинедин Зидан кои во тоа време беа абнормални, најплатените играчи беа купувани за сума помеѓу 35 и 40 милиони евра, и тоа фудбалери како Бекам, Дрогба, Торес, Шевченко…
Новото „лудило“ започна со трансферот на Кристиано Роналдо во 2009 година кога од Манчестер Јунајтед премина во Реал Мадрид за 94 милиони евра, а последните две години сумите заминаа „во облаци“ со трансферите на Погба, Нејмар, Мбапе, Кутињо…
Ова се најскапите трансфери секоја година од 1999 до денес:
1999 – Кристијан Виери – Лацио – Интер – 31,5 милиони евра
2000 – Луис Фиго – Барселона – Реал Мадрид – 60
2001 – Зинедин Зидан – Јувентус – Реал Мадид – 74
2002 – Рио Фердинанд – Лидс – Манчестер Јунајтед – 43
2003 – Дејвид Бекам – Манчестер Јунајтед – Реал Мадрид – 37,5
2004 – Дидие Дрогба – Олимпик Марсеј – Челзи – 38.5
2005 – Мајкл Есиен – Лион – Челзи – 38
2006 – Андреј Шевченко – Милан – Челзи – 43
2007 – Фернандо Торес – Атлетико Мадрид – Ливерпул – 38
2008 – Робињо – Реал Мадрид – Манчестер Сити – 34
2009 – Кристиано Роналдо – Манчестер Јунајтед – Реал Мадрид – 94
2010 – Дејвид Виља – Валенсија – Барселона – 40
2011 – Фернандо Торес – Ливерпул – Челзи – 59
2012 – Тиаго Силва – Милан – ПСЖ – 42
2013 – Герет Бејл – Тотенхем – Реал – 101
2014 – Луис Суарез – Ливерпул – Барселона – 82
2015 – Кевин де Брујн – Волфсбург – Манчестер Сити – 73.5
2016 – Пол Погба – Јувентус – Манчестер Јунајтед – 105
2017 – Нејмар – Барселона – ПСЖ – 220
2018 – Филип Кутињо – Ливерпул – Барселона – 160