Најскапиот божиќен украс оваа година го има Молшејм (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На еден од плоштадите во Молшејм, Франција, еден уникатен автомобил чија цена е 11 милиони евра, без оданочување и други давачки, е поставен како некој вид на божиќен украс за претстојните празници.

Бугати се погрижи за најскапиот божиќен украс на планетата. Станува збор за автомобилот познат како La Voiture Noire, за кој сè уште не се знае кој е неговиот купувач, дали воопшто постои, бидејќи малкумина би се согласиле да изложат ваков уникатен производ во јавност. Роналдо очигледно не е, и никој друг не бил спомнат по него.

И покрај откажувањето на Божиќниот саем, градоначалникот на Молшејм, Лоран Фурст е задоволен: „Јас сум многу благодарен на Бугати за толку прекрасниот подарок за градот. Сега сите граѓани на Молшејм имаат одлична можност да му се восхитуваат на уникатното ремек-дело со кое би бил горд и самиот Еторе Бугати”.

Да потсетиме, La Voiture Noire беше премиерно претставен лани на Саемот за автомобили во Женева со цел да му се оддаде почит на легендарниот Model 57 SC Atlantic, автомобил изгубен на почетокот на Втората светска војна, кој не е пронајден до денес. Покрај цената и изобилството на вграден карбон, познато е дека моторот останал 8.0 W16 со 1500 КС и 1600 Nm.