Најскапата машина на Саемот во Женева продадена за 16,7 милиони евра


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Црното спортско купе на гигантот за спортски луксузни автомобили Bugatti, наречен „La Voiture Noire“, на Саемот во Женева беше продаден за вртоглави 16,7 милиони евра.

Францускиот автомобилски гигант соопштила дека купувачот е „ентузијаст кој го сака Bugatti“ .

Медиумите претпоставуваат дека купецот на најскапиот автомобил на светот е 81-годишниот Фердинанд Пих, внукот на Фердинанд Порше, основачот на легендарната спортски марка на автомобили, како и креаторот на „VW- Буба“.

Овој луксузен спортски ѕвер располага со вртоглаво импресивни перформанси: 1.500 коњски сили скоцкани во 8-литарски V16 мотор кои трошат 22 литри гориво на 100 километри.

Оваа машеина е најскапиот автомобил на сите времиња произведен на светот, а импресиониран е од моделот на Bugatti 57 SC Atlantik.

Од 1936 до 1938 година произведени се само четири модела на Бугати „57 SC atlantik”,кои послужиле како пример за производство на најновиот модел.Модниот дизајнер Ралф Лорен е сопственик на последниот произведен примерок од овој модел на Bugatti, кој уште е во возна состојба.