Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Поради намалена испорака и зголемена побарувачка, со скок на 80 долари за барел, цената на нафтата порасна на највисоко ниво во последниве четири години, пренесува „Ројтерс“.
Аналитичарите прогнозираат дека растот на цената ќе продолжи поради неповолните геополитички промени и намаленото производство во САД. Американската банка „Morgan Stanley“ најави дека до 2020 година барел нафта ќе изнесува 90 долари.
Покачувањето на цената делумно се должи и на кризата во односите со Блискиот Исток, повлекувањето на САД од нуклеарниот договор, како и зголемувањето на побарувачката.
Меѓутоа, Меѓународната енергетска агенција смета дека нема да има дополнителен раст на побарувачката и дека тоа би можело да се одрази на успорувањето на растот на цената.
„Производството во САД не може да надомести за актуелната побарувачка, поради загубите во Иран, Венецуела и Ангола“, велат експертите на „Goldman Sachs“.