Најскап пасош на светот има Австралија, погледнете колку чини!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Властите во Австралија ја зголемија цената за издавање на пасош, и сега изнесува тој изнесува 282 долари. Тоа е и најскапиот пасош на цел свет, доколку не се смета Сирија, затоа што за државјани кои живеат надвор од земјата одреди цена од 500 долари.

На второ место на земји кои имаат најскап пасош е Турција, нејзините граѓани за патна исправа мора да плаќаат 764 лири односно 255 долари. Швајцарците плаќаат 180, додека пак Германците 120 долари за пасош.

Кога станува збор за листата со највредни пасоши, на врвот се наоѓа Германија, а потоа Сингапур, на трето место е Велика Британија, потоа Јапонија и Франција.