Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Еврозоната во 2008 година прв пат, официјално, имаше рецесија која негативно влијаеше врз многу европски земји. Листата подолу која ја пренесува порталот howafrica.com ја одразува финансиската просечна состојба по лице на ден во десетте најсиромашни земји во Европа.
10.Романија (18 долари)
Скоро 44 проценти од населението на Романија живее во рурални области, каде сиромаштијата е секојдневние со кое се соочуваат луѓето.
9.Русија (18 долари)
Русија си има проблем со високата богаташка нееднаквост. Додека мал дел ужива во кралски раскош и богатство, милиони страдаат од сиромаштија.
8.Хрватска (18 долари)
Процентот на популација која живее под границата на сиромаштијата во Хрватска е во постојан пораст.
7.Белорусија (15 долари)
6.Бугарија (14 долари)
Бугарија е една од најсиромашните нации не само во Европската унија, туку и на Балканот.
5.Црна Гора (11 долари)
Економијата на Црна Гора најмногу се базира на угостителството и туризмот. Но, и покрај добрата туристичка организираност, сепак, има и сиромаштија која од 12,2 проценти во 2003 стигна до 6,6 проценти во 2010 година.
4.Србија (11 долари)
Корупцијата и лошата инфраструктурна состојба прават голем придонес во сиромаштијата во Србија. Повеќе од 1,3 милиони граѓани во Србија се сиромашни кои одвај врзуваат крај со крај.
3.Македонија (10 долари)
Руралната сиромаштија во Македонија е огромен придонес во негативната економска состојба на државата. Скоро две третини од сиромашните луѓе во Македонија се жители на руралните средини.
2.Албанија (9 долари)
Застарената и неадекватна инфраструктура во Албанија има голем удел во сиромашниот бизнис сектор.
1.Босна и Херцеговина (8 долари)
Сиромаштијата во Босна и Херцеговина не може да се спореди со ниедна друга сиромаштија од нејзините соседи, тие дефинитивно се на дното.