Најсилниот земјотрес годинава со јачина од 7,2 степени ги погоди Иран и Ирак (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Mоќен земјотрес го погоди планинскиот граничен регион на Иран и Ирак, при што загинаа над 400, а се повредени над 7.000 лица во двете држави.

Најмногу загинати има во иранскиот град Сарпол-е-Захаб, што се наоѓа на 15 километри до границата. Тамошната болница е сериозно оштетена, со што лекарите не можат да им помогнат на повредените.

Според една агенција, за околу 70.000 луѓе треба да се обезбеди засолниште по земјотресот.

Земјотресот бил со силина од 7,3 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на длабочина од 23 километри, на 30 километри од иранската граница.