Најразвратната професорка на светот: Манијачки заведувала учениците на секс во тројка


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Мајката на две деца и бивша професорка во средно школо е осудена на 10 години затвор поради секс со четворица средношколци, а со уште двајца имала секс во тројка.

Хедер Ли Робертсон (39) минатиот четврток прифати спогодба во рамки на судскиот процес, а освен деценијата која ќе ја помине зад решетки, доживотно ќе се наоѓа на листата со сексуални престапници и ќе ја изгуби професорската лиценца.

Робертсон предаваше во средно училиште во тексашкиот град Луфкин, каде во периодот од 2016 до 2017 година завела шестмина тинјеџери со кои имала сексуални односи.

„Форензичките докази откриваат дека Робертсон ги повикала децата во својот дом каде имала секс со нив“, велат од тамошното обвинителство.

За случајот да биде уште побизарен, Робертсон ги замолила родителите од едниот ученик да го одвезат детето до нејзиниот дом, за наводно да ѝ помогне со преместување на мебелот, а всушност кај неа стигнал за сексуално задоволство.

Според пишувањата од Lufkin Daily News, Робертсон се сексала со двајца од учениците во исто време. Еден од нив признал пред полицијата дека сето таа комуникација почнала преку Snapchat, а завршила во кревет. Момчето го повикало и својот другар, а откако Робертсон изведувала стриптиз за нив, ги одвела во кревет.

Како жртви се јавуваат уште двајца ученици, а сета таа перверзија Робертсон ја призна пред полицијата и судот. Изјави дека никого не принудувала на ништо, па така ни на обврзна употреба на кондоми, а како последица од целиот овој случај кај неа се појавил алкохолизам.

Мајката на еден од учениците призна дека кај синот забележала чудно однесување, но не знаела за што точно станува збор додека скандалот не излегол во јавност.