Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако изгледа како напуштена и заборавена воена зона, во суштина тоа е напуштен остров во распаѓање. Дури го викаат и „најпустото место на светот“.
Станува збор за островот Хашима, кој уште го викаат и Гунканџима, односно Battleship Island, бидејќи неговата форма потсетува на воен брод.
Хашима е еден од 505-те ненаселени острови во регионот на Нагасаки, на само 15-ина километри од самиот Нагасаки. Некогаш имал школи, болници и паркови, а денес е претворен во куп рушевини. Островот бил населен од 1887 до 1974 година, а на него живееле работници кои ископувале јаглен за компанијата Mitsubishi.
Во текот на Втората светска војна на островот биле носени корејски цивили и кинески воени заробеници кои биле принудувани на работа. Се проценува дека во исклучително тешки услови кои тогаш владееле на островот, таму умреле над 1.000 принудни работници. Храна речиси и да немало, климата на островот била влажна, а оние кои не можеле да работат биле сурово тепани.
Кога јагленот беше заменет со нафта, згаснала и потребата за работници кои ќе го ископуваат. Островот станувал сè позапустен, а рудниците биле затворени во 1977 година. Набрзо, овој остров го напуштил и последниот негов жител.
Во годините кои следеле пристапот до островот бил забранет, но во 2009 година истиот беше отворен за посетители кои таму пристигнуваат со бродови. Сепак, и понатаму, на голем дел од островот пристапот е забранет за туристи, бидејќи зградите се во лоша состојба, па освен што некој би можел да настрада, толпите туристи би можеле да го забрзаат пропаѓањето на објектите.
View this post on Instagram
Од заборавените агли на историјата, на кратко, во центарот на вниманието овој остров го стави филмскиот хит „Skyfall“, во кој Хашима послужи како кулиса, а многумина тогаш ги импресионираше домот на злобникот кој го играше Хавиер Бардем.
Островот е прогласен за историско наследство од UNESCO во 2015 година, а во јавноста оттогаш владее расправата дали истиот треба да биде потсетник на јапонската индустриска револуција или на страдањата од принудните работници.