Најпознатиот бизнисмен од Малта уапсен во врска со убиството на новинарката Галиција


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Малтешките полициски служби денеска го уапсија Јорген Фенеч, моментално најпознатиот бизнисмен во Малта.

Фенеч беше уапсен на неговата јахта, на осум километри оддачеленост во северен правец од Валета, во рамки на истрагата за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција.

Полициската акција следеше откако властите на Малта соопштија дека ќе го помилуваат човекот кој е осомничен дека посредувал во убиството за Карун-Галиција доколку признае кој е нарачател на убиството.

Каруана Галиција, која пишуваше блог за корупцијата, беше убиена во Валета во 2017 година со подметнат експлозив под нејзиниот автомобил. За нејзиното убиство досега се осомничени три лица.