Најпознатиот авантурист се најде во смртоносна ситуација за време на снимање (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Едвард Мајкл Грилс, познат како Беар Грилс, мораше да прими медицинска помош за време на снимање на Пацификот, откако го касна пчела.

42-годишниот Грилс доживеа анафилактички шок и се најде во потенцијално смртна опасност. Тој инаку е алергичен на убод од пчела.

По убодот, Грилс се обиде некое време да продолжи со снимањето, но набрзо стана јасно дека работите се посериозни отколку што мислеше на почетокот. Медицинскиот тим брзо сфати дека Грилс е во животна опасност и веднаш му вбризгаа Епипен. Инцидентот се случи додека се снимаше новата емисија „Остров на богатството“.

Хирургот од медицинскиот тим, рекол дека се изненадил кога го видел колку отекол Грилс по убодот од пчелата.

Ова не е првпат да му се случи ваква повреда. За време на снимањето на шоуто „Роден да преживува“, која се снимаше во 2016 година, се обидел да украде мед од кошница во Баји Калифорнија, во Мексико исто така претрпел убоди поради кои почнал да отекува на лицето.