Најпосакуваните јадења: Овие 10 рецепти се најпребарувани на Google во 2017


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Гурманските љубопитници од цел свет на Google пребарувачот барале специјалитети од турската, италијанската и јапонската кујна, а солените јадења убедливо водат во однос на десертите.

Ако сте купиле пилешко месо и веќе ви здосадило да го готвите по истиот рецепт, сигурно на многумина од вас ви текнало да го „прашате“ Google за инспирација, со што истовремено придонесувате и за рангирање на јадењата на листата на најпребарувани рецепти. Пилешките гради се на врвот на оваа листа во однос на пребарувањето рецепти на најкористениот интернет пребарувач.

Гурманите од цел свет барале рецепти со мелено јунешко месо, а изненадува тоа што на трето место е рецептот за погача со сирење и магдонос која во Турција се послужува за доручек.

Гурманите барале рецепти и за француски тост, турски чоколаден колач, како и освежувачка салата од маринирана зелка.

Еве ги топ 10-те најпребарувани рецепти за 2017 година на Google.

1. Пита со пилешко

2. Мелено јунешко

3. Пограча тарифи со сирење и магдонос

4. Француски тост

5. Кек тарифи

6. Свински котлети

7. Рецепти за шпагети со тиква

8. Освежителна салата со маринирана зелка

9. Песто

10. Гјоза – јапонска тестенина полнета со свинско месо