Најоригиналниот компјутер кој сте го виделе – целосно функционална и моќна машина


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Овој модел дефинитивно е еден од најубавите и најоригинални креативно дизајнирани компјутери кои сме ги виделе. Направен е од шпанската компанија Future Works, а инспириран е од популарната акциона авантура „Sekiro: Shadows Die Twice“.

Компјутерот е стилски дизајниран како традиционална јапонска врата која се наоѓа на влезот од шинтоистичките храмови. Во центарот се наоѓа GeForce RTX 2060: Компјутерот е целосно функционален, иако не се гледа ниту еден кабел и сите компоненти правилно се разладуваат.

Каблите се наоѓаат во „носечките столбови“. Под покривот се сместени „кулерите“, додека повеќето од останатите компоненти се наоѓаат во самата подлога. Не само што изгледа прекрасно, туку поседува и прилично моќна конфигурација за која треба да издвоите околу 1.600 евра.

Матична плоча: MSI MPG Z390I Gaming Edge Motherboard
Процесор: Intel Core i5-9600K
Графичка картичка: Nvidia GeForce RTX 2060
Меморија: Corsair MP510 NVMe 480GB SSD
RAM: Corsair Vengeance LPX 32GB DDR4 3000MHz RAM
Разладување: Corsair H150i Pro AIO
Напојување: Corsair SF750 PSU

Sekiro: Shadows Die Twice играта ја разви FromSoftware, творците на Dark Souls, а ја издаде Activision. Играта е оценета како прилично тешка, со посебен акцент на борбата против босовите. Дејството е сместено во фиктивна Јапонија во периодот Сенгоку, а голем број референци има на будистичката митологија и филозофија. Одлична инспирација за ова прекрасно дизајнерско решение за компјутер.