Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Западните Гати, блиску до Мумбаи, на висина од 701 метар над морската површина, се наоѓа најопасната тврдина на светот, Калавантин Дург, позната и како Прабалгад.
Нуди прекрасен поглед и напуштена убавина до која се стигнува преку тешко пристапен терен со извиена карпеста патека, стрмни искачувања по уште пострмни скалила, без гаранција за безбедноста.
Се верува дека оваа тврдина е изградена некаде пред 500 година пред нашата ера. Нејзиното постоење во древните времиња се поврзува со кралицата Калаван.
Тврдината позната и како „Качување кон рајот“ нуди прекрасен панорамски поглед од птичја перспектива. Но, за да стигнете до таа глетка ви претстојат три часа адреналинско искачување. Стрмната патека до врвот не е обезбедена, па едно слизнување може да биде и фатално.