Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Најновото филмско остварување на Николас Кејџ, „Свиња“, доби пофалби од американските критичари, но ги воодушеви и гледачите.
Pig е дебитантски филм на режисерот Мајкл Сарнски. Главниот лик во филмот е Фелд (Николас Кејџ), осамен човек кој живее без вода и струја среде шума во Орегон. Деновите ги поминува берејќи тартуфи со својата свиња која му е најдобар пријател. Кога ривалските ловци на тартуфи му ја киднапираат свињата, Фелд го принудува Амир (Алекс Волд) да го однесе во Портланд за да го најде киднапираното животно.
Oh man, I just watched Pig with Nicholas cage and that brought more out of me than I thought it would, I knew I’d get emotional but god damn, that’s a Damn fine film. I definitely recommend it however it’s going in the never want to watch again with grave of the fire flies.
— GeoVerde_VT(Pre-Debut ENVtuber) (@GeoverdeV) November 8, 2021
На ова патување, Фелд запознава луѓе од неговото минато, а Амир сфаќа дека неговиот придружник некогаш бил познат готвач.
Иако филмот започнал да се прикажува во американските кина на почетокот на оваа година, тој добил поголем интерес од публиката само по неговото објавување на платформата Apple TV + пред неколку дена.
Nicholas Cage’s PIG: John Wick but instead of hitmen it’s the culinary world, and instead of a puppy it’s a pig. That’s quite a brash comparison cause there’s a lot more at play here, so much depth and poignancy in the way it deals with grief. Beautiful really. pic.twitter.com/6PuA6d3VBS
— Harrison Forth (@Harrison_Forth) November 11, 2021
Коментарите на социјалните мрежи се главно позитивни, а некои го споредуваат со Џон Вик, само што покрај убиецот и кучето, гледачите го следат и готвачот кој се обидува да ја врати свињата. Со пофалби за самиот филм, гледачите истакнале дека глумата на Николас Кејџ е одлична, а многумина забележале дека актерот во филмот изгледа речиси непрепознатливо.