Најнови развратни секс трендови – вака паровите внесуваат возбуда во кревет


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Живееме во време кога жените се чувствуваат и делуваат помоќни и посамоуверени од било кога. Оттука, воопшто не е чудно што тие се сè подоминантни во спалната соба и посклони за експериментирање во сексот. Суптилните промени во секс позите не се ни одблиску доволни интересни, па жените се впуштаат во сè поекстремни сексуални трендови, тврдат сексолозите и експертите од таа област.

Познатата секс експертка Трејси Кокс, за Daily Mail, открива некои од најпопуларните секс трендови од поекстремен калибар кои се веќе актуелни во сексуалниот живот на паровите.

Игра со температурата

Секој кој пробал од жешка сауна да влезе во ладен базен, го искусил ефектот на игра со температурната разлика, само не во сексуална смисла. Ако се сеќавате на сцената од филмот „9 1/2 Weeks“ во која Мики Рурк преминува со коцки мраз врз телото од Ким Бесинџер – е токму за тоа станува збор.

Се прашувате зошто жените уживаат во тоа? Одговорот е едноставен – бидејќи е еротично и лесно остварливо. Брадавиците се омилена мета. Стаклените вибратори се продаваат како луди бидејќи стаклото лесно се загрева и се лади. Играта со температурата, истовремено, е и игра на моќ – лицето кое е подложено на истата, обично е со врзани очи со цел да се зголеми факторот на изненадување.

Електростимулација

Електричниот секс ги стимулира гениталиите и ерогените зони со безбедна количина на електрична енергија. Побарувачката за секс играчки од ваков калибар порасна за повеќе од 100 насто од почетокот на 2017 година.

Обично станува збор за перничиња или играчки кои се ставаат некаде на телото (обично на интимните зони) со цел да се направи проток на струја низ нервните клетки. После тоа, посебно сте чувствителни на допири и чувствувате сензации кои варираат од морници до моќни пулсирања поради кои мускулите се стегнуваат.

Електростимулацијата е добра за зацврстување на мускулите со минимален напор, а чувството е доста пријатно.

BDSM

Гризењето, удирањето, влечењето за коса, врзувањето и играта на роб и доминација се трендови кај љубовните парови кои се популаризираа со филмската хит трилогија „Педесет нијанси“. За благи BDSM не треба да издвојувате многу пари – леплива трака и лисици не чинат многу.

Можете да искористите и некој шал или свилена марама, а останатото е прашање на фантазија и креативност. Врзаниот партнер се провоцира и предизвикува, а притоа тој не може да дава отпор.

Зголемената сексуална самодоверба е голем фактор и причина што многу жени денес обожаваат садо-мазо игри. Овде сè се сведува на тоа еден од партнерите да биде доминантен, а другиот покорен. После тоа улогите се менуваат и тоа е доста возбудливо. Многу жени уживаат во плескање по задникот, а голем дел од нив тоа го сакаат што позачестено.

Порнографија

Повеќе не е никаква тајна дека и жените гледаат порно филмови, и тоа не само од оние „меките“. Pornhub објави статистика според која жените 113 насто повеќе пребаруваат „хардкор секс“ од мажите. Исто така, 105 насто повеќе гледаат снимки со групен секс или груб секс.

Разбиен е и митот дека жените гледаат филмови за возрасни само затоа што партнерите ги тераат на тоа. Имено, само 12 насто од жените гледаат порничи заедно со партнерите.

Секс клубови, лезбијски и групен секс

Сè повеќе луѓе се откажуваат од моногамијата и посетуваат сексуални забави и свингерски клубови и тоа во парови. Таму испробуваат секакви варијанти – секс во тројка, лезбијски и групен секс. Според истражувањето, една од десет жени и еден од пет мажи искусиле секс во тројка.

Посебно активна во овие секс експерименти е старосната група помеѓу 25 и 29 години. Жените во доцните 20-ти години од животот стануваат многу посамоуверени во однос на сексот, па поради тоа овие статистики воопшто не се изненадување.