Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пари Сент Жермен синоќа остана без двајцата најскапи фудбалери, Нејмар и Мбапе кои заработија повреди во пријателски натпревари на нивните репрезентации.
Ова може да биде многу голем проблем за „светците“ кои за само неколку дена играат одлучувачки натпревар со Ливерпул во Лигата на шампиони.
Нејмар синоќа го заврши мечот уште во 8-та минута поради болки во препоните. Сепак, но првите лекарски прегледи покажаа ситна повреда и најверојатно пауза од само неколку дена.
Тоа значи дека Нејмар, многу веројатно ќе биде во составот на ПСЖ за мечот против Ливерпул во Лигата на шампиони.
Neymar will have a scan – but Brazil doctors hope it's not serioushttps://t.co/WUEzWgn5LV pic.twitter.com/0566U7hy65
— Mirror Football (@MirrorFootball) November 20, 2018
Од друга страна Мбапе го повреди рамото на мечот со Уругвај после еден незгоден пад. Лекарските прегледи и кај Французинот покажаа дека нема скршеница, па веројатно и Мбапе ќе биде спремен за мечот со „црвените“ на 28-ми ноември.