Најнови информации од терен: Осуммина преживеани во лавинската несреќа во Италија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Осум луѓе беа откриени живи од италијанскиот хотел Ригопјано, два дена откако беше затрупан во снежна лавина. Спасувачите ги открија осумте преживеани закопани под снегот, но се уште не се извлечени. Меѓу нив има и две деца, јавија италијанската новинска агенција Анса, а пренесува СакамДаКажам.

Тие се живи и ние зборуваме со нив, кажа портпаролот на пожарникарската слуба Лука Кари.

Лавината го затрупа хотелот во Абруцо, регион во централна Италија, по серија земјотреси. За најмалку четворица е потврдено дека се мртви и околу 20 други се уште се водат како исчезнати, додека спасувачките тимови продолжуваат да работат во тешки околности. Се верува дека меѓу затрупаните гости има и деца.

Тимови работата повеќе од 24 часа на температури под нулата. Спасувачите побараа хеликоптерска поддршка за да ги спасат шесте луѓе што открија. Телевизијата Раи јави дека преживеаните се тројва мажи, две жени и едно мало девојче. Тие поминаа најмалку 40 часа затрупани во снегот.