Најновата должничка листа на УЈП полна со звучни имиња


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Управата за јавни приходи јавно ја објави листата на должници бр.12/2018 за долгови доспеани до 31 август и неплатени до 30 ноемрви по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На листата објавени се 2.140 должници – правни лица што е помалку за 13 од претходната листа и 2.370 физички лица што е повеќе за 195 од претходната листа.

Вкупно објавениот нето-долг во Листата бр.12/2018 изнесува 10.027.643.843 денари (163 милиони евра), помалку за 58.864.425 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.998.544.030 денари (помалку за 48.707.933 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 29.099.813 денари (помалку за 10.156.492 денари од претходната листа).

Меѓу должниците се и голем број јавни претпријатија кои долажат стотици милиони денари по основ на даночни давачки. ЈП „Македонија пат“ должи 330 милиони денари, Македонска радио-телевизија должи 71,6 милиони денари, ЈП „МЖ-инфраструктура“ должи 29 милиони денари итн.

Комплетната листа можете да ја погледнете ТУКА.