Најмоќното женско оружје за заведување

Најмоќното женско оружје за заведување

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Припадниците на посилниот пол го сметаат женскиот глас за нешто многу привлечно, но важно е и добро да размислите што ќе кажете…

Научниците спроведоа истражување за тоа како бојата на гласот влијае на мажите и на жените кога е во прашање заведувањето. Резултатите беа неверојатни – бојата на гласот, како и начинот на зборување се дефинитивно најсилното женско средство за заведување на кое паѓаат мажите!

Поточно, експертите побараа од кандидатите да бројат од еден до десет со нормален глас. После тоа, истите тие мажи и жени мораа да го повторат дејството, но со различен тон на гласот, односно начинот на кој мислат дека звучи секси и заводливо.

Друга група мажи и жени ги слушаа нивните снимки и мораа да одлучат кое од горенаведените звучи заводливо, а резултатите се покажаа многу интересни:
Жените воопшто не реагираа на обидите на мажите да звучат секси со бојата на гласот, додека на мажите заводливиот женски глас им беше неверојатно секси.

Научниците објаснуваат дека кога жените сакаат да звучат секси, го спуштаат гласот за да го направат подлабок, зборуваат побавно и потивко, што на мажите им е многу попривлечно од нормалниот тон со кој обично зборуваат.

Исто така, тие тврдат дека тоа е всушност природна, инстинктивна реакција, која влијае на мажите како обликот на телото или мирисот на кожата. Иако доказите се излезени на виделина, прво треба да размислите што ќе кажете кога сакате да заведете маж, а не само со бојата на гласот.