Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најновото издание на моделот „Brabus“ е базирано на „Mercedes-AMG GT 63 S E Performance“, најмоќниот модел во гамата на германскиот производител.
Во „Brabus“, пак, тој модел ја добива ознаката „930“, што јасно навестува дека се работи за автомобил кој навлегува на територијата на хипер спортските автомобили.
„Стандардниот“ „4.0 V8“ сега добива две нови турбини, а „Brabus“ го додаде својот „PowerXtra“ модул со нова контролна електроника.
Епилогот е зголемување на максималната моќност од 842 на дури 930 КС! Уште поимпресивен е фактот што на возачот му се нуди максимален вртежен момент од 1550 Nm.
Официјалните податоци велат дека „Brabus 930“ до 100 км/ч достигнува за 2,8 секунди, додека максималната брзина е 316 км/ч.
Купувачот ќе добие и дополнителна аеродинамична галантерија, како и титаниумски издувен систем „Brabus“, со режим на работа „coming home“ за да не се разбуди соседството на пат кон дома.
Поставен на тркала од 21 инчи напред и 22 инчи назад, со гуми „Continental SportContact 7“, „Brabus 930“ има и надградена внатрешност во споредба со стандардниот модел на „Mercedes-AMG“.
Секако, постојат бројни опции за персонализација, но имајте на ум дека во „Brabus“ нема евтини додатоци. Доволно е да се каже дека почетната цена на овој модел е 323.435,45 евра.