Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Концептот Devel Sixteen беше претставен во 2013 година, а сега за прв пат стигна на јавен пат.
Devel Sixteen испорачува над 5.000 КС во своето врвно издание. По италијанскиот автопат возеше далеку помирната верзија придвижувана од V8 мотор кој ќе дава максимални 1500 КС. Иако изгледа малку аматерски, видеото е официјално објавено на каналот на компанијата на YouTube. Во описот стои дека е тестиран на италијанските патишта.
На почетокот на овој месец, компанијата објави видео од патеката каде може да се види истата копија во забележително поатрактивна изведба.
Автомобилската индустрија започна да го развива овој модел во 2008 година. Минатата година претставија прототип со V16 мотор, но во атмосферско издание. V16 е направен од два LS V8 мотори и е потпишан од Steve Morris Engines. Откако ќе се комплетира моторот, тој ќе испорачува над 5.000 КС и 5.100 Nm во тркачкото издание, а максималната брзина ќе биде 515 km/h.
Списокот на нарачки е отворен, а првите испораки се очекуваат осум месеци по завршувањето на развојот на моделот. Почетната цена е 1,6 милиони долари.