Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кога станува збор за милионери во македонски услови, што подразбира милионска заработка во денарска вредност, статистиката вели дека најмладиот македонски милионер има 15 години.
Тинејџерот во 2017 година остварил приходи од над 16.340 евра, во категоријата за заработка до милион денари. Најстариот милионер во оваа категорија е 98-годишен човек. 15-годишникот своите приходи ги оствари преку давање интернет услуги.
Во категоријата милионери со заработка до 10 милиони денари, најмлад милионер во Македонија е 20-годишно момче, со годишни приходи од 162.600 евра. Толкав приход остварил и најстариот во категоријата заработка до 10 милиони денари, кој има 86 години.
Ова го соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на прес конференција на која ги презентира податоците за остварени највисоки приходи во 2017 година.