Најмладата пензионерка на светот има само 31 година


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Кристи Шин веројатно е најмладата пензионерка на светот, бидејќи во 2014 година, на само 31-годишна возраст, замина во пензија и ја напушти кариерата на компјутерски инженер.

Типката заштедила 1 милион долари во банка и удрила есап дека тие пари се доволни за во наредните 50 години да може удобно да живее, без да работи.

Сега опуштено патува по светот и ужива со својот сопруг Брус. Попатно пишува и блог со наслов Millenial Revolution. Кристи објаснува зошто според неа пензијата е најголемата заблуда во која веруваат луѓето.

За Кристи пензијата не значи само излежување на плажа или во домашна атмосфера. Тоа многу повеќе значи дека „веќе не мора да работите, бидејќи пасивниот приход кој го имате е доволно голем за да можете да си ги покривате трошоците за живот и едноставно да бирате дали сакате да работите или не“.

Откако е во пензија, таа откри дека тоа и не е така скапо колку што мислела. „Луѓето, во суштина, не се свесни колку трошат за да работат. Тоа е смешно. Колку пари издвојувате за да одите на работа и назад? Колку ве чини купувањето на работна облека и хемиско чистење? За луѓето кои имаат деца – колку трошите на градинки и дадилки?“, вели Кристи гостувајќи во серијата „So Money“.

„Единствена работа која луѓето не ја разбираат“, вели таа, „е дека кога сте во пензија, вашите трошоци неколкукратно се намалуваат бидејќи исчезнуваат сите оние давачки кои ги имате за и додека одите на работа. Тоа, секако, важи само ако правилно ги распределувате парите“.

Кристи смета дека флексибилноста е клуч на живеењето од заштеда или други инвестиции и приходи. „Не мислам да се откажам од било што, само се фокусирам на нештата кои се важни и не се грижам за оние кои не се. Сакам да кажам, еднаш кога сте во пензија, веќе не сте врзани за ништо, па така ни за местото на живеење. Лесно можете да се селите таму каде што трошоците за живот се помали“, заклучува таа.