Home Актуелно Најмалку 81 загинат во поплавите во Германија, повеќе од 1.000 лица се исчезнати

Најмалку 81 загинат во поплавите во Германија, повеќе од 1.000 лица се исчезнати

По катастрофалните поплави во западна Германија, бројот на жртвите порасна на најмалку 81, преку илјада лица се сметаат за исчезнати. Владата вети помош за настраданите подрачја.

Досега официјалниот биланс на жртви во Германија е 58, а најмалку 30 во државата Северна Рајна-Вестфалија и 28 во соседната Рајнанд-Фалц.

Властите во областа Ахвилер во Западна Германија во четвртокот вечерта соопштија дека очекуваат да се зголеми бројот на жртвите, додавајќи дека околу 1.300 лица се водат како исчезнати, но истакнаа дека треба да се има предвид дека има оштетувања на мобилните мрежи.

Во градот Бад Ноенахр-Арвилер се извршени повеќе спасувачки мисии, а некои сè уште траат.

Повеќе од 1.000 спасувачи ја помагаат областа, додека властите велат дека е рано да се каже колкава е штетата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…