Home Актуелно Најмалку 70 загинати украински војници во руски ракетен напад на воената база во Октирка

Најмалку 70 загинати украински војници во руски ракетен напад на воената база во Октирка

Најмалку 70 украински војници ги загубија животите во руски ракетен напад на воената база во Октирка, град што се наоѓа меѓу Харков и Киев. Трагичниот биланс го потврди шефот на регионот Суми, Дмитро Живицки.

Локални функционери објавија фотографии од уништениот четирикатен објект, додека спасувачите пребаруваат по урнатините. Украинскиот парламент соопшти дека нападот бил извршен со проектил „град“.

Живицки кажа дека во нападот што се случил во неделата загинале и руски војници и локални жители. Суми се наоѓа под опсада на руските сили од почетокот на инвазијата минатата недела.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…