Home Актуелно Најмалку 6 лица загинаа во новиот руски напад на Украина – по 51 ден повторно гаѓан и Киев

Најмалку 6 лица загинаа во новиот руски напад на Украина – по 51 ден повторно гаѓан и Киев

Најмалку шест лица ги загубија животите во денешниот руски ракетен напад на Украина, во кој првпат по 51 ден беше гаѓан и Киев.

Жена и нејзиното тригодишно дете загинале во Днепар, а четворица цивили загинале откако била погодена деветкатница во градот Уман во централниот регион Черкаски, која притоа е тешко оштетена. Во нападот на Уман има и 17 повредени, кажаа локалните власти.

Експлозии се регистрирани и во Кременчук. Миколаив и Полтава, а од 23 проектили испукани кон Киев, 21 бил соборен, кажаа властите. Шефот на градската воена управа изјави дека ова е првиот руски ракетен напад на Киев во последните 51 ден.

Нападот следува додека украинските сили се подготвуваат за пролетна противофанзива со помош на добиените нови модерни оружја од западот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…