Најмалку 50 убиени во бунт во бразилски затвор


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Најмалку 50 луѓе смртно страдаа во крвав затворски бунт во градот Манаус, соопштија бразилските власти.

Според истите извори, билансот на загинатите би можел да биде уште поголем откако ќе бидат добиени информациите за размерот на бунтот што започна во затворот во недела навечер, а бил поттикнат од конфликт меѓу две противнички групи кои се занимаваат со продажба на дрога.

Заради пренатрупаност во бразилските затвори често доаѓа до бунтови кои по правило завршуваат со убиства.