Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Бројот на загинати во земјотресот кој со јачина од 6,4 степени според Рихтер го погоди албанскиот град Драч се искачи на 5 жртви, додека над 150 лица се повредени.
По првиот удар, кој беше со јачина од 6,4 степени според Рихтер, се забележани уште два со јачина од 5,3 степени и 5,1 степен по рихтеровата скала и десетина послаби.
Епицентарот на земјотресот бил меѓу пристаништето Драч и престолнината Тирана на длабочина од 10 километри. По тој земјотрес уште неколку силни потреси ја погодија Албанија. Последниот во 7:10 со јачина од 5,4 по Рихтер. Епицентарот бил во Јадранското Море на 27 километри од Драч снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат урнати куќи во Драч, пристанишниот град на 40 километри од Тирана на Јадранскиот брег.
Портпаролот на албанската влада кажа за Ројтерс дека најголемата штета е во Драч, а дека неколку луѓе се примени во болица во Тирана.
Според првичните информации, се урнале згради во центарот на Драч, а спасувачките екипи се на терен и се обидуваат да им помогнат на луѓето заробени под урнатините.