Најмалку 46 лица жртви на поларните студови ширум Европа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Најмалку 46 лица, повеќето од нив бездомници, ги загубија животите како последица на поларниот бран кој ја зафати Европа.

Метеоролозите најавуваат дека студениот бран ќе продолжи и утре. Најголем број од жртвите на екстремно ниските температури се од Полска – каде студот е причина за смртта на 18 лица, шесмина починале во Чешка, петмина во Литванија, четворица во Франција и Словачка, двајца во Италија, Романија, Србија и Словенија и еден во Холандија. Во Естонија студот е причина за седум смртни случаи овој месец.

Од почетокот на студениот бран, животот го загубиле најмалку осум луѓе без постојано место на живееење – по тројца во Франција и Чешка и двајца во Италија.

Студениот бран, кој британските медиуми го нарекоа „Ѕверот од Истокот“, Холанѓаните – „Сибирска мечка“, Швеѓаните – „Снежен топ“, а во Франција е познат под називот „Москва-Париз“, најмногу го загрозува здравјето на најранливите категории жители, пред сè бездомниците и постарите лица, но го попречува и сообраќајот.

Минатата ноќ во Швајцарија беа измерени минус 36 степени во Глаталп, место на надморска висика од 1.850 метри. Во текот на ноќта од вторникот кон средата температурите во Либек во северна Германија паднаа на минус 20, во јужна Полска на минус 19, во белгиски Лиеж на минус 18, а во околината на Лондон на минус 10. Во Швајцарија во Глаталп, на 1.850 метри надморска височина, забележани се минус 36 Целзиусови степени.

Во Велика Британија, Холандија, на Балканот и во Скандинавија снегот и заледувањето предизвикаа големи сообраќајни тешкотии. Австрискиот таблоид Остереих наградата за „најледената работа во Австрија“ им ја додели на Лудвиг Разер и Нирберт Дакбахер, вработените во метеоролошката станица на Сонблик на 3.109 метри надморска височина, кои трипати на ден вршат мерења. За сите мерења им е потребен околу еден час на минус 32, а со источниот ветер чувството на студ е околу минус 60.