Најмалку 37 лица загинаа во бунт во затвор во Венецуела


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најмалку 37 лица загинаа во судири меѓу вооружени затвореници и силите за безбедност во мал затвор во јужниот дел на Венецуела, наведе локалниот гувернер Либорио Гуаруља.

Во затворот „Пуерто Ајакучо“ во државата Амасонас, синоќа затворениците покренеле бунт, по што стражарите влегле во просториите со цел да воспостават ред, пренесува АлсатМ.

Гуаруља на неговиот Твитер налог, посочи дека над 35 лица загинале, кога специјалните единици на венецуелското Министерство за внатрешни работи ги нападнале вооружените затвореници.

Обвинителството соопшти дека загинале 37 лица, а повредени се 14 стражари.

Две организации за заштита на човековите права посочија дека 37-те загинати се затвореници.

Во затворот се наоѓаат вкупно 105 затвореници.

Условите во венецуелските затвори се влошија во моментот кога земјата ја преживува најтешката економска криза.

Во затворските објекти постојано пристигнува шверцувано оружје, а од неодамна често се пријавувани и судири.