Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во напад врз хотелски комплекс во Манила загинаа најмалку 36 лица.
Безбедносните сили го контролираат хотелскиот комплекс, изјави шефот на Националната полиција Роналд Дела Роса за радиот ДЗММ. Според наводи на полицијата, телата на загинатите биле пронајдени дури неколку часа по нападот, на вториот и третиот кат на хотелскиот комплекс. Според наша проценка, 36темина загинати се задушиле, изјави шефот на полицијата во Манила, Оскар Албајалде.
Претходно Дела Роса објасни дека едно лице со автоматска пушка влегло во казиното во хотелскиот комплекс и запалило дел од масите. Притоа имало и истрели, но тие не биле насочени кон гостите во казиното или вработените. Вооружениот напаѓач потоа го наполнил својот ранец со жетони во вредност од околу два милиона евра.
Напаѓачот побегнал од казиното и се заклучил во една од собите, по што отворил оган врз припадниците на безбедносните сили. Потоа извршил самоубиство. Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во казиното.