Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најмалку 35 лица загинаа, а десетици други се повредени денеска при воздушен напад во сириската провинција Идлиб, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Според Центарот, во нападот во градот Хан Шејхун, кој е под контрола на сириските бунтовници, најверојатно е користен токсичен гас.
Локални активисти тврдат дека жртвите при нападот починале од задушување.
Како што јави ВВС, Центарот посочува дека нападот го извршиле сириската Влада или руски авиони.
Властите во Дамаск досега неколкупати негираа дека користат таков вид оружје при нападите.
Меѓутоа, истрагата на ОН и на Организацијата за забрана на хемиското оружје лани во октомври заклучи дека сириските владини сили користеле хлор при најмалку три напади во 2014 и 2015 година.
Меѓународните организации исто така утврдија и дека џихадистичката група Исламска држава при напади кристела агенси на сулфур.