Најмалку 33 турски војници убиени во Идлиб – Ердоган свика итен состанок за Сирија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Најмалку 33 турски војници беа убиени во воздушен напад извршен во сириската провинција Идлиб. Засега не е познат точниот број на повредени војници. Според известувањето кое го пренесуваат турските власти, нападот го извршила сириската војска.

„Во Идлиб, турските оружени сили беа мета на режимските елементи во воздушен напад“, изјави за медиумите гувернерот на провинцијата Хатај Рахми Доган. Иако тој првично соопшти дека се убиени девет војници, неколку минути подоцна го корегираше бројот на 22, па на 29, за на крајот таа цифра да се искачи на 33“, јавува турската агенција Анадолија.

Повеќе турски војници се повредени во воздушниот напад, но сѐ уште не се знае колку. Соопштението на Доган се случи во време на состанок на турскиот безбедносен врв, со кој наводно претседавал претседателот Реџеп Таип Ердоган, и чиј фокус бил инцидентот во Сирија.

Во непотврдени извештаи на социјалните мрежи се тврдеше дека десетици турски војници се убиени во „руски воздушен напад“, и дека десетици се повредени. Ништо од ова засега не е потврдено од Анкара.

Ситуацијата во Идлиб, последното бунтовничко упориште во Сирија, драматично ескалираше во последните недели откако Дамаск ја засили офанзивата против исламистичките милитанти во борбата околу стратегиските градови, поради што турската војска ипрати илјадници војници и воена опрема да ги поддржи своите сојузници, кои се борат против силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад. Хатај е турската провинција која граничи со Идлиб.

Анката ја отфрли можноста да се повлече од Идлиб, барајќи Русија да ја повлече својата поддршка на сириските трупи, па Москва ја обвини Турција дека поддршката на милитантите го крши претходно постигнатиот договор за деескалациска зона.