Најмалку 16 загинати во руски напад врз пазар во украинскиот град Костијантинивка (снимка)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Најмалку 16 лица ги загубија животите во руското бомбардерски напад на пазар во Костијантинивка, град на истокот на Украина, објави на социјалните мрежи украинскиот претседател Володимир Зеленски, а пренесуваат светските агенции.

„Руската терористичка артилерија уби 16 луѓе во градот Костијантинивка, во областа Доњецк“, напиша Зеленски, додавајќи дека биле погодени пазар, продавница и аптека.

„За жал, бројот на загинати и повредени може да се зголеми“, рече тој.

Костјантинивка е во близина на линијата на фронтот. „Ова руско зло мора да се победи што е можно поскоро“, додаде Зеленски. Властите во Москва се уште не го коментирале нападот.