Најмалку 146 мигранти се водат како исчезнати по нов бродолом во морето крај Либија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Близу 146 мигранти се сметаат за исчезнати по новиот бродолом во морето во близина на Либија.

Мигрантите, како што изјави еден преживеан, доаѓале од Нигерија, Гамбија и Мали, а меѓу нив иумало и пет деца и неколку трудници, раскажал 16 годишниот Гамбиец во болницата во Лампедуза.

Чамецот тргнал во неделата или понеделникот од Сабрата, на североистокот на Либија, но по неколку часа во него почнала да навлегува вода. Младиот Гамбиец се спасил држејќи се за резервоарот за бензин. Шпански брод што учествува во европската операција за спречување на шверц со луѓе, го одвел на Лампедуза.