Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Од кабинетот на претседателот на Украина Володимир Зеленски соопштија дека најмалку 11 жртви и 18 повредени цивили е црниот биланс од руско гранатирање.
Во напад врз градот Первомајскји во североисточната украинска област Харков, загинаа осум лица, меѓу кои и 15-годишно момче, информираа украинските власти.
Гувернерот на областа Харков, Олег Синегубов изјави дека „бесмисленото гранатирање наликува на обид за заплашување на цивилното население“.
Во областа Доњецк, руските сили ги гранатираа градовите Краматорск, Славјанск и Торецк. За 24 часа загинаа три лица, а 13 се повредени. Станува збор за едно подрачје од четирите, каде властите воспоставени од Москва спроведуваат референдуми за пристапување кон Русија.
Руските сили вршеа напади и на градовите Никопол и Марганец, што се наоѓаат директно спроти нуклеарната централа Запорожје, под руска контрола, од другата страна на реката Дњепар, тврдат украинските власти.
Во Кривји Рих, родното место на Зеленски, руска крстосувачка ракета го погоди локалниот аеродром, оштетувајќи ја неговата писта.