И најмалиот стрес во текот на денот предизвикува сериозни и хронични заболувања


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дури и најмалиот стрес во текот на денот би можел да влијае подоцна на здравствените проблеми, покажуваат најновите истражувања.

Еден од факторите на ризик за настанување на многу здравствени проблеми како депресија, анксиозност, кардиоваскуларни и хронички заболувања е изложеноста на стрес.

Се претпостаува дека стресот кој доведува до сериозни болести е последица како раскинување, отказ или операција. Меѓутоа, неодамнашното истражување покажува дека и најмалиот стрес може да остави последици на долгорочното здравје доколку дозволиме интензитетот на стресот премине во следниот ден.

„Нашето истражување покажува дека и најмалку негативни емоции влијаат на нашето здравје“, наведува предводникот на истражувањето, Кејт Леџер.

Од испитаниците се бараше во текот на осум дена да бележат секогаш кога се преплавени со негативни емоции како што е нервоза, безнадежност, осаменост, страв, раздразнетост, срам, вознемиреност, лутина, друстрација, немир и напнатост. Освен тоа, побарано е да објаснат што ги предизвикало таквите емоции.

Десет години по истражувањето учесниците се испитани во намера да се дознае дали во меѓувреме развиле некои од хроничните болести или имаат здравствен проблем кој им пречи на нивниот секојдневен живот.

Резултатите покажаа дека лицата кои не можеле да се ослободат од дневниот стрес, кои го пренесувале и во следниот ден, имале повеќе здравствени проблеми, вклучувајќи ги и хроничните болести.

„Повеќето луѓе кога размислуваат за причините поради кои се под стрес, мислат за големи случувања како смрт на саканите личности. Меѓутоа, резултатите покажуваат дека не станува збор само за важни моменти, туку и за секојдневен стрес кој влијае на нашето здравје“, објаснува Леџер.